Отварање на изложбата ,,Антологија 4“ вечерва во Охрид

- Локални
341

Дела од уметниците Иван Генералиќ, Вангел Наумовски, Јан Књазовиц, Иван Лацковиќ и Андреј Вењарски ќе бидат претставени на изложбата  „Антологија 4“ што вечерва ќе биде отворена во Куќата на Робевци во Охрид.

-Оваа четврта едиција на изложбата „Антологија“ е посветена на наивното сликарство и воедно претставува избор од најзначајните автори на овој правец, содржани во збирката на современа уметност во НУ „Завод и Музеј“ од Охрид-информираат организаторите.

Куратор на изложбата ќе биде м-р Сашо Блажески, а отварањето е закажано за 20:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари