Успешно заврши првото издание на вело настанот ,,Вевчанска Локва- голина”

- Локални, Спорт
721

Oколу 130 велосипедисти од цела Македонија учествуваа на првото издание на вело настанот ,,Вевчанска Локва- голина” на планината Јабланица, организиран од страна на  здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ Струга и Еко свест-Вевчани.

Како што информираат организаторите, бројката од 130 искусни велосипедисти е преголема, а организацијата на настан од вакви размери е голема одговорност. Тие потенцираат дека и на овој настан се докажа дека жените се побројни корисници на велосипеди во споредба со мажите.

-Бајкери имаше од повеќе здруженија од цела држава но и голем број поединци. Се надеваме дека после ова прво издание, ,,Вевчанска Локва- голина”  како настан ќе прерасне во традиција.  Отсекогаш жените биле поголеми корисници на велосипед во споредба со мажите, па и на овој настан учествуваа голем број жени кои успешно искачија голема елевација, до Вевчанска Локва-информираат за Strugaonline oд тимот на Рупикапра МТБ Струга.

Целта на настанот, додаваат, беше промоција на планинскиот велосипедизам и потенцијалот за еко туризам кој го нуди планината Јабланица, а учесниците уживаа во природните богатства и знаменитостите на планината и споменикот на природата Вевчански извори.

Strugaonline

Facebook Коментари