Билтен на СВР Охрид: Пожар во патничко возило во Охрид, охриѓанец нападнал сограѓанин и малолетничка од Македонски Брод…

- Локални
223

На 08.07.2024 година во 13.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во патничко моторно возило „БМВ” со тетовски регистарски ознаки, додека се движело на кружната крстосница на плоштадот „Св.Климент Охридски” во Охрид, управувано од А.Р.(31) од Тетово. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

На 08.07.2024 година во 17.20 часот, на плажа на брегот на Охридското Езеро, приведен е А.Д.(32) од Охрид, кој претходно физички ги нападнал К.Л.(28) од Охрид и малолетничка од Македонски Брод. Тој бил агресивен и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари