Стружанец пријавил дека неговата ќерка се повредила следејќи натпревар на спортско игралиште во „Струшко поле“
-На 08.07.2024 година во 09 часот, А.М.(36) од Струга во полициска станица пријави дека на 10.06.2024 година, за време на одржување фудбалски натпревар на спортско игралиште во „Струшко поле“, поради дотраеност на седиштата на трибината, неговата малолетна ќерка, паднала и се здобила со повреди-стои во соопштението од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид
фото: архива
Facebook Коментари