Втор настан од јубилејот 80 години постоење на Библиотеката и 65 години од основањето на  Дом на култура ,,Браќа Миладиновци” денеска во Паркот на поезијата

- Локални
254
Во рамките на одбележувањето на jубилејот 80 години постоење на Библиотеката и 65 години од основањето на  Дом на култура ,,Браќа Миладиновци” – Струга, Установата  денеска во Паркот на поезијата ќе го одржи вториот настан поврзан со ова чествување.
Посетителите ќе имаат можност да видат дел од делата на роднокрајните автори, како и изданија од Збирката на СВП што  ја поседува Центарот за култура и е единствена во Република Македонија.
-Овие дела не се издаваат и единствено можат да се погледнат само во просториите на Библиотеката. Исто така ќе бидат изложени и уметнички дела на познати уметници- сликари. Центарот за култура ќе додели и благодарници на општествено одговорни компании и личности за голем придонес во развивањето на културата во Струга-соопштија од Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ -Струга.
Одбележувањето на двата големи јубилеи започна на 22-ри март годинава со официјалното започнување на соработка за размена на книжевни дела од роднокрајни автори од Струга и автори од НР Кина.
Од  Центарот за култура најавуваат дека чествувањето ќе продолжи и во месец август со неколку културни манифестации.
Strugaonline

Facebook Коментари