Д-р Ѓорги Терпо: За 50% е зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош-Струга, гужвата во сообраќајот е голем проблем за нашите екипи

- Локални
329

Високите температури значително го зголемија бројот на повици во Итната медицинска помош во Струга, информира раководителот, Д-р Ѓорги Терпо.

Најчести случаи периодов се колапсите поради високите температури, но , има и повици заради вирусни инфекции и инфаркти.

,,Ако анализираме на секојдневно ниво , бројот на повици во Итната медицинска помош е зголемен за 50%, а за време на викендите 30 до 40% повеќе од веќе зголемениот број. Во ноќна смена ако досега сме имале 10 пациенти, сега ги имаме околу 30“-изјави Терпо за Strugaonline и Play radio

Тој апелира до сите граѓани, а посебно до повозрасната категорија, да ги почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран и да конзумираат повеќе течности, најмногу вода.

,,Во голем ризик се повозрасните граѓани кои никако не треба да излегуваат од дома во период од 10:00 до 17:00 часот. Праксата ни покажува дека најчесто не ја почитуваат таа препорака и затоа доаѓа до здравствени проблеми“-потенцира Терпо.

Додава дека и понатаму пракса се лажните повици во интаната медицинска помош поради кои залудно се губи и време и ресурси, а како проблем го посочува и сообраќајот во Струга и струшко поради што, како што вели, екипите на медицинската помош не можат непречено да си ја завршат работата.

,,Големата гужва во сообраќајот и несоодветно паркираните возила се проблем на кој сериозно треба да се работи. Ќе наведам само еден пример, за да се стигне од Струга до Враништа треба многу време, а кога се работи за здравје, тоа време може да биде и кобно. Совеста на граѓаните на оваа тема мора да проработи-потенцира Терпо.

Тој додаде дека итната медицинска помош во Струга има доволно возила и медицински кадар истакнувајќи дека и во овој период на зголемен број на повици прават се’ што е во нивна моќ за да се одговори соодветно секаде каде што е потребно.

Strugaonline

Facebook Коментари