Детската балетска претстава ,,Барби“ вечерва за најмладите во Охрид

- Локални
219

Во рамки на програмата на Општина Охрид наменета за  најмладите, под мотото „Културата расте со децата“ вечерва со почеток во 20:30 часот на сцената кај ТЦ „Амам“ ќе се одигра детската балетска претстава „Барби“ во изведба на охридското детско балетско студио „Наталис студио“.

Програмата за најмладите ќе трае се до 6-ти октомври 2024 година, а секој петок предвидени се низа културно-забавни настани и активности за деца до 12 години.

Strugaonline

Facebook Коментари