Министерот за транспорт и врски Александар Николоски најавува нови евтини авиолинии од Скопскиот и од Охридскиот аеродром. Во видео обраќање, Николоски информира дека е формирана работна група која ќе ги испитува можностите за зголемување на бројот на летови од двата аеродроми.
-Формиравме работна група која ќе ги испитува сите можности за зголемување на бројот на летови од Скопскиот и од Охридскот аеродром. Нашата цел е веќе од следната година да има нови дестинации како би добиле многу повеќе туристи, а и македонските граѓани полесно и поевтино да патуваат надвор.-вели Николовски во обраќањето.
Тој додаде дека се планирани разговори со неколку светски компании кои нудат брзи и евтини летови.
-Убеден сум дека веќе следната година ќе имаме многу повеќе летови, повеќе задоволни патници, повеќе туристи, а секако и граѓаните на Македонија поевтино да патуваат, потенцира Николоски.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари