Вонредни контроли во Охрид, Струга, Преспа и Дојран, уништени 8,7 тони небезбедна храна

- Локални, Македонија
240

Инспекциски тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата недела спроведоа вонредни заселени контроли во објекти и оператори со храна (хотели, ресторани, времени – кетеринг објекти,месарници и маркети) во туристичките центри  Дојран,Охрид,Струга и Преспа.

-Со контролите се проверуваше имплементацијата на добра производствена и хигиенска пракса (ДПП/ДХП) базирана на НАССР принципите, инфраструктурните услови во објектите, а се спроведуваа и контроли на  активностите согласно регистрацијата на операторите со храна. Во услови на високи надворешни  температури, акцент со контролите беше ставен на условите на чување и складирање на производите и роковите на употребливост на храната. -информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Со вонредните контроли во овие четири туристички центри опфатени биле  112 објекти – оператори со храна. Според објавената информација од агенцијата, изречени се 54 глоби на 54  оператори со храна, од кои на  8 оператори со храна им била изречена забрана за работа до отстранување на констатираните недоследности.

-Со контролите утврдено беше неисполнување на општите и  посебните хигиенски барања во сите фази на производство, преработка и дистрибуција на храна, неимплементирање на сите процедури на ДПП/ДХП базирани на НАССР принципите, храна со поминат рок на употреба, промет на храна без декларација и означување согласно Законот за безбедност на храна и подзаконските акти според кои ваквите производи се прогласуваат за небезбедни за човечка употреба и нештетно се уништуваат-информираат од АХВ.

Од страна на инспекторите за храна и официјалните ветеринари констатирана била и работа на објекти – оператори  со храна кои не се регистрирани или одобрени за работа од страна на АХВ, поради што изречени биле мерки забрана за работа, а затекнатите производи биле забранети за промет и нештетно уништени.

-Утврдени беа и лоши инфраструктурни и хигиенски  услови во   кујните, производствените простории, за што некои оператори добија времена мерка забрана за работа.  Од промет беа отстранети 8700 килограми небезбедна храна која беше нештетно уништена. -додаваат од АХВ

Во наредниов период АХВ ќе продолжи со спроведување на вонредни контроли и во другите туристички центри, а поради високите температури, на сила останува мерката за засилени контроли кај операторите со храна на целата територија на земјава.

Strugaonline

фото: АХВ

Facebook Коментари