Вечерва стартува шестото издание на „Summer Comedy Marathon“ во Охрид

- Локални
178

Со култното шоу „Импровокација“ кое ќе биде изведено во Центарот за култура ,,Григор Прличев“ вечерва во Охрид започнува шестото издание на  „Summer Comedy Marathon“

Оваа година публиката ќе може да ужива во квалитетна програма со локални и домашни изведувачи, но и гости од странство, најавуваат организаторите.

Според објавената програма, планирани се деветнаесет шоуа различни по форма и карактер во изведба на 18 учесници, а фестивалот ќе трае до 13-ти август.

-Фестивалот го отвораме со култното шоу „Импровокација“, ретко од таков вид во Македонија, бидејќи претставува театарска импровизација која се случува во моментот со активна партиципација на публиката. Потоа следуваат гостувања на нашите колеги Атанас и Тино во Куба либре, каде на оваа локација ќе имаме три шоу. Тројца учесниците имаме од Србија и еден од Грција, неколку шоуа на англиски јазик што го потврдува фактот дека Фестивалот на комедијата е интернационален фестивал и се надеваме дека и во идните години како програмски и по квалитет ќе растат шоута. За жал, оваа година и покрај нашите напори немаме учесничка. Целта на Фестивалот е да се настапува со нов и оргинален материјал. Се надеваме во делот на шоуто „Отворен микрофон“ да имаме присуство на поубавиот пол. Апелирам до сите колешки следната година би сакале да имаме и нивно присуство.-изјави претходно на прес конференција Никола Тодороски, актер и организатор на фестивалот.

Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски оваа година одбележуваат десет години од шоуто „2 Мothers Brothers“. Јубилејот ќе биде одбележан со големо шоу на 13 август на сцената на Долни Сарај, со што ќе биде спуштена завесата на фестивалот.

Strugaonline

Facebook Коментари