
СВР Охрид ќе ги вклучи сите расположливи капацитети и опрема што може наменски да се користат за контрола, превентива и заштита на шумите од пожари, како и да одговори на потребите во случаи на локализирање на евентуално настанат пожар од поголем обем. Со цел поефикасна превенција, рано предупредување и спречување пожари на отворен простор и во шумски предели, СВР Охрид на целото подрачје реализира работни средби со претставници на Противпожарните единици, на Шумската полиција и подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на јавните претпријатија „Национални шуми”, надлежните државни инспекторати, раководителите на Дирекциите за заштита и спасување и регионалните Центри за управување со кризи и на претставници од службите во локалните самоуправи.
Извор: СВР Охрид
StrugaOnline
Facebook Коментари