Пополнет е бројот на учесници за фестивалот ,,Илинден“, интересот дупло поголем од лани

- Локални, Спорт
353

Пополнет е бројот на учесници во сите дисциплини за најновото издание на фестивалот Илинден што на 2-ри август по трет пат ќе се одржи во Струга.

Споредено со минатата година, има дупло повеќе пријавени учесници, информира Коста Хиохи, претседателот на спортски клуб ,,Соларис“ во чија организација се одржува фестивалот.

-Повикот за пријавување во натпреварите го затворивме речиси цела седмица порано поради големиот интерес и пополнувњето на предвидените натпреварувчки места. Посебен интерес имаше за натпреварувањата во Такла скоковите кои ги затворивме неколку дена пред останатите. Уверен сум дека бројот на пријавени ќе беше и поголем но моравме да го имаме предвид времетраењето на натпреварот- изјави Хиохи.

Тој потенцираше  дека се работи за мултидисциплинарен фестивал кој според интересот би требало да се организира во два дена.

Земајќи го во предвид интересот, организаторите очекуваат голема спортска битка во водите на Црн Дрим и несекојдневна забава за публиката на кејовите.

Учесниците ќе се натпреваруваат во четирите натпреварувачки дисциплини: пливање, кајак, суп и такла.

Ревијалниот дел е традиционално резервиран за Ватерполо турнирот, кој и годинава ќе се одржи во  соработка со Ватерполо репрезентацијата на Македонија.

Strugaonline

Facebook Коментари