Билтен на СВР Охрид: Физички нападнат 17-годишник од Охрид, кривична за жител од струшко Добовјани…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Д.(36) од струшкото село Добовјани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца”. На 14.05.2024, при сообраќајна контрола, извршена на регионалниот пат Охрид – Струга, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека тој врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај без соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.У.(43) од тетовското село Теарце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”. Тој, на 26.06.2024 во станбен комплекс во Струга запалил отпадни материјали.

