Започна поставувањето на фотоволтаиични панели во подрачното ООУ ,,Јосип Броз Тито“ во село Мислешево, активност што се реализира во рамки на проектот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион и Општина Струга, за зголемување на енергетската независност на јавните објекти во Општина Струга.

Според директорката на ООУ ,,Јосип Броз Тито“, Дејана Чакар, со реализација на овој проект ќе се постигне намалување на загадувањето на животната средина, генерирање на енергија од обновливи извори , намалување на трошоците за енерегија во јавните објекти и намалување на емисиите од ЦО2.

-Во подрачното училиште во Мислешево се поставуваат фотоволтаични панели со моќност од 40KWh . Станува збор за многу значаен проект, не само за училиштето туку и за Општина Струга воопшто. Во текот на следниот период имаме план за поставување фотоволтаични панели и во централното училиште и во подрачните училишта во с. Враништа и с. Радожда. -изјави за Strugaonline, Дејана Чакар.
Средствата за реализација се обезбедени од Буџетот на РСМ, преку Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен развој .

Овој летен распуст, според директорката, ќе се искористи и за уредување на дворот во централното учличиште ,,Јосип Броз Тито“ во Струга, а старите дотраени клупи ќе се заменат со нови.
Strugaonline
Facebook Коментари