Вечерва официјално стартуваат Летните олимписки игри во Париз
Со над 10.000 спортисти кои ќе се појават со знамињата на своите земји вечерва во 19:30 часот ќе почнат 33-те Летните олимписки игри (ЛОИ) што годинава се одржуваат во Париз.

Церемонијата на отворањето на Игрите за прв пат се организира надвор од стадионот, во самиот град, односно на реката Сена.
На ЛОИ во Париз ќе настапат шест македонски спортисти. Владимир Егоров ќе не’ претставува во борење, Никола Ѓуретановиќ во пливање, Еди Шерифовски во џудо, Милијана Релиќ во таеквондо, Дарио Ивановски во атлетика и Анастасија Мојсовска во стрелаштво.

