Бесплатен скрининг за хепатитис Б, Ц и ХИВ на 5-ти август во Струга и Охрид

- Локални
348

Министерството за здравство, во соработка со Клиниката за гастроентерохепатологија и НВО „Хепар Центар-Битола”  ja  започна заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за Хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања.

Со оваа кампања се опфатени десет градови во земјава, а според објавениот распоред, во понеделник, 5-ти август, граѓаните и посетителите на Охрид и Струга ќе може да извршат бесплатен и анонимен скрининг. Во периодот од 09:00 до 11:00 часот мобилната амбуланта ќе биде на градскиот плоштад во Струга, додека од 17:30 до 19:30 часот на плоштадот во Охрид.

-Наш фокус е превенција и подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб, истакна министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во рамки на посетата на мобилната единица на плоштад „Македонија“ во Скопје.

Од мобилната медицинска екипа информираа дека во текот на вчерашниот ден во Скопје за два ипол часа биле направени 150 прегледи со фиброскен. Кај десет граѓани биле забележани знаци на цироза и тие веднаш биле упатени да извршат дополнителни прегледи на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари