Прослава по повод големиот празник „Илинден“ утре во с. Ложани

Прослава по повод големиот македонски празник „Илинден“ ќе се одржи утре 1-ви Август во с. Ложани со почеток во 20:00 часот.
Прославата ќе започне со пристигнувањето на учесниците во илинденскиот комитски марш, кои ќе положат цвеќе на споменикот на илинденците и учесниците во НОБ од с. Ложани, потоа следува културно забавна програма во која ќе ве забавува Теодор Богојевски со пријателите.
StrugaOnline

