Премиера на документарниот филм „Спасица Вишенска – Маченица и Светица“ ќе се одржи вечерва во рамки на програмата на Вевчанско културно лето.
Филмот е работен по сценарио и во режија на Анастас Ќушкоски, писател, фотограф и истражувач од Вевчани.
Гости на премиерата ќе бидат членовите на хорот при Храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско, Охрид.
Филмот ќе се прикажува во 20:30 часот во Мултикултурниот центар, под покровителство на Општина Вевчани.
Facebook Коментари