Мерко: Апелирам граѓаните да ја штедат водата и редовно да плаќаат сметки
Во овие топли денови од летната сезона, градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко, повикува на рационална употреба на водата за пиење, бидејќи, како што вели, злоупотребата на водата и понатаму останува многу вознемирувачки проблем во Струга и струшко.

-Попроблематични, како за злоупотреба на водата, така и за нејзината исплата, се периферните области за кои барам соработка од граѓаните. Оваа порака има за цел да привлече внимание на грижата за водата и да апелира до сите да помогнат во администрирањето и управувањето со изворите на вода за пиење.-стои во објавата од градоначалникот Мерко.
Презентирајќи го фактот дека ширум светот популација од околу 2.1 милијарди луѓе немаат безбедна вода, Мерко апелира граѓаните да ја штедат водата и да плаќаат сметки за вода.
Strugaonline

