
На 31.07.2024 година во 21.30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е Р.М.(31) од Охрид кој претходно, во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.08.2024 година во 02 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во угостителски објект лоциран на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, едно лице физички ги нападнал С.С.(21) и Б.П., двајцата од Охрид. По целосно расветлување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
На 31.07.2024 година околу 22 часот, за време на музички концерт на отворен простор на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски инспектори од одделението за недозволена трговија со дрога и униформирани полициски службеници од СВР Охрид, при извршени прегледи, кај А.Д.(20) и А.Ј.(21), двете од Тетово, пронајдоа и одзедоа опојна дрога Марихуана, додека кај Н.Г.(33) од Струга, пронајдоа бела прашкаста материја. Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 31.07.2024 година во 18,50 часот, на пешачката патека после каналот „Студенчишта“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, при извршен преглед врз П.В.(20) од Нови Сад, Република Србија, пронајдена и одземена е опојна дрога Марихуана. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 31.07.2024 година во 22.50 часот, на улицата „15 корпус“ во Струга, приведен е Б.Р.(19) од Струга. При извршен преглед, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога, пронајдо и одзедоа опојна дрога Марихуана. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 31.07.2024 година околу 16 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, на нива со стрништа и нискостеблеста вегетација, лоцирана во струшкото село Долна Белица, настанал пожар. Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.
Извор: СВР Охрид
фото: архива
Facebook Коментари