Билтен на СВР Охрид: Физички напад врз малолетник во Драслајца, во домот на охриѓаенц пронајдени семки од канабис и стебло од канабис…

- Локални
728

На 08.08.2024 во 23.40 часот, на спортско игралиште во струшкото село Драслајца, Д.М. физички нападнал малолетник, двајцата од истото село. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.08.2024 во 17.30 часот на улица „Скопска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа Е.У.(20) од Струга затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.08.2024 во 19.40 часот, на улицата „7 Ноември“ во Охрид, Б.Н. физички го нападнал Б.В.(28) од Скопје. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.08.2024 во 20.20 часот на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишија од слобода Д.Г.(23) и Л.Г.(20), двајцата од Скопје. При преглед кај нив, Л.Г. фрлил пакување со марихуана, која е одземена. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.08.2024 во 14.00 часот во Охрид, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишија од слобода М.Ч.(47) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од канабис, стебло од растението канабис, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и грендер со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.08.2024 во 21.00 часот, на мостот од каналот „Студенчишта“, велосипед управуван од Н.Ј.(68) од Република Србија удрил во пешакот М.К.(43) од Република Црна Гора. Притоа, велосипедистот паднал и се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари