Победник на 52-от ракометен турнир во Струга е екипата на Еурофарм Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер е победник на 52. издание на меѓународниот ракометен турнир во Струга. Во финалето Еурофарм Пелистер го победи Вардар со 29-26.

Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со 6 и Жарко Пешевски со 6 гола. Кај Вардар по 6 гола постигнаа Марио Танкоски и Димитри Хориха.

– Филип Ивиќ е прогласен за најдобар голман на турнирот
– Богдан Радивојевиќ е најдобар стрелец
– Филип Кузмановски е најдобар играч на турнирот.

На натпреварот за 3-то место помеѓу ГУИФ Ескулстина и Паок, славеше екипата на ГУИФ Ескулстина со 28:27.

Додека на натпреварот за 5-то место помеѓу Струга и Тиквеш, подобри беа екипата на Тиквеш и славеа со 24:17
StrugaOnline
