Лев банер Десен банер

Сојузот на борци Струга ги одбележа денот на формирањето на четвртата (седмата) албанска бригада на НОВ и ПО, и 6 септември од формирањето на шестата македонска народноослободителна ударна бригада

Сојузот на борците на народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија на општина Струга, на 26 август 2024 година, со свечана седница и полагање свежо цвеќе на спомениците, беа одбележани 26 август (1944), денот на формирањето и борбeниот пат на четвртата (седмата) албанска бригада на НОВ и ПО на Македонија, и 6 септември истата година, формирањето и борбениот пат на Шестата македонска народноослободителна ударна бригада. Со што се одбележаа 80 години од двата настани.

Според зборовите на претседтелот на ОО на борците од Струга, Ајредин Мемеди, кој истакна дека Бригадата е формирана на планината Караорман, во месноста „Рудина“ на 6 август 1944 год. Штабот на бригадата го сочинувале: командант Нафис Сулејман, заменик командант Шаик Садику, политички комесар Ќемаил Аголи и заменик Џафер Кодра.

При формирањето бригадата  броела 164 борци од кои еден младински баталјон кој дошол од Дебар, а го сочинувале Албанци, Македонци, Македонци-Муслимани и Турци од Дебар и дебарските села, а другиот баталјон го сочинувале борци, Албанци, Македонци, Власи и Турци од Струга и струшките села. Командата  на Вториот баталјон беше во состав: Азис Цами како командант и Љубе Мариноски политички комесар. Третиот баталјон го предводеле Муарем Ибраими како командант и Јован Панчески како политички комесар.

Бригадата учествуваше при ослободување на Струга, како и на Сремскиот фронт во сите борбени дејствија. Исто така и Шестата македонска народноослободителна ударна бригада е формирана на 6 септември 1944 година во „Караорман“ во месноста „Рудина“.

Штабот на бригадата беше составен од искусни борци, дотогаш припадници на Првата Македонска народноослободителната ударна бригада, а нејзин командант Драган Ѓорѓевиќ-Алија, а негов заменик Захарија Трајкоски-Брко, политички комесар Киро Сотировски- Строгов и заменик на политичкиот комесар Младен Милошески, истакна во својата беседа Ајредин Мемеди.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

StrugaOnline

error: