Лев банер Десен банер

Министерот Тошковски денес на средба со македонските и српските полицајци кои патролираат низ Охрид

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денес ќе ги посети полициските службеници од Министерството за внатрешни работи на Република Србија и на македонското МВР кои спроведуваат заеднички патроли на подрачјето на Охрид.

Средбата е предвидена во 14 часот , по што министерот Тошковски, заедно со соработниците од МВР и СВР Охрид, со полициските службеници од Србија и Македонија и полициското аташе на МВР на Република Србија, ќе остварат заедничка патролна активност по кеј „Македонија” до градскиот плоштад „Св.Климент Охридски” по што ќе одржат прес конференција.

Во рамките на посетата, министерот Тошковски, ќе оствари работна средба со раководството на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро” и СВР Охрид.

Денешната активност на министерот Тошковски е во согласност со протоколот за соработка за време на туристичката сезона на МВР на РСМ и на Република Србија што неодамна, беше потпишан помеѓу министрите за внатрешни работи на двете земји.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

 

error: