Лев банер Десен банер

Од утре во Струга голем меѓународен кошаркарски турнир на „ЖКК Струга 2009“ по повод 15 години од нивното постоење

Од утре (13.09.2024) до 15 септември во Струга „ЖКК Струга 2009“ организира Интернационален кошаркарски турнир за кадетки и јуниорки.

На турнирот покрај домашните ќе учествуваат и „Партизани“ од Тирана, Албанија, „Темниц“ од Варварин, Србија, „Требјеша“ од Никшиќ , Црна Гора, „Гостивар“ и „ЖКК Струга 2009“.

Со овој турнир ќе се одбележи 15 години од формирањето на клубот.

„Со овој турнир сакаме да одбележиме 15 години постоење на нашиот клуб „Струга 2009“, но никако не ја забораваме ни нашата историја како „Кимико“.

Турнирот е од интернационален карактер и во оваа прилика им се заблагодарувам на сите екипи кои што потврдија учество и на тој начин го зголемија квалитетот на самиот турнир и ја увеличаа нашата прослава.

Оваа година е по повод 15 години, но, сакаме во наредните години турнирот да стане традиционален и да се зголеми бројот на екипи и квалитет.“ – изјави тренерот на ЖКК Струга 2009 Владимир Ѓоровиќ.

StrugaOnline

error: