Лев банер Десен банер

Вечерва во Охрид ќе се одржи 36. издание на Охридските староградски средби

На платото пред НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, вечерва, со почеток во 19:00 часот ќе се одржи 36. издание на Охридските староградски средби.

Ќе настапат Градскиот хор „Вокс Лихнидос“ од Охрид, ЗП Градски Хор од Штип, Вокален Октет – Прилеп, Ансамбл „Вања Лазарова“ од Скопје, ЗП Пеачка група Гевгелија, ВПГ „Ѓердан“ од Штип и КУД Далги при ЗП Охрид и Дебрца.

„Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века.
Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови“. – велат организаторите.
Влезот е слободен

StrugaOnline

error: