Полицијата пронајде дрога кај 58-годишно лице во Охрид

Охрид, 13. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти септември 2024 година, во 20:55 часот на улица „Никола Карев“ во Охрид, полициски службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишија од слобода 58-годишно лице од Охрид.
– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и шишиња со течност помешана со зелена растителна материја.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Извор: МВР фото: архива

