ФОТО: Струга, чаршискиот мост со дуќани 1912 година

Мостот со дуќаните е запален и срушен во борбите помеѓу окупаторские војски на Бугарија и Србија 26 ноември 1915 година….

Кога видоа српските војници дека бурињата со барут не се запалија, бидејки 18 годишниот стружанец Иван Кувенџи Шендерка го исекол фитиљот со помош на дезертерот Живко, тие побрзаа со шпирто да ги потпалат првите дуќани, доволно беше само една клечка кибрит за да пламнат дрвените дуќани: кафеани со тераси, берберници со балкончиња, бакалници, шапкарници, рибарници и др. изградени од дрвен материјал. Тие се топеа во пламенот а кога и бурињата со барут експлодираа, се полета во облаци. и се сруши мостот во бистрите води на Дрим и длабоката и силна вода ги изгасна и поведе во Јадранското море. Потоа започнаа пукотниците помеќу српските и бугарските војски…

Извадок од АВТОБИОГРАФИЈАТА на Ристо Крле.

Фото: Albert Kahn 1912, Науме Јаканоски

StrugaOnline

Facebook Коментари