Прва форумска сесија во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ во Струга
Општина Струга и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) Ве покануваат на првата форумска сесија во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ која ќе се одржи на 19 септември (четврток) со почеток во 11.00 часот во х. Дрим,
Струга.

Целта на првата форумската сесија е да се претстават резултатите од мониторингот на квалитетот на воздухот и главните извори на загадување на воздухот во Струга, мерките и активности за справување со загадувањето на воздухот и да се одговори на прашањето како да се идентификуваат потребите на најранливите групи на граѓани за почист воздух. Учесниците на првиот форум, исто така, ќе имаат можност да дискутираат за одредени мерки и предлози за начинот на кој може да се унапреди квалитетот на воздухот во нивната општина.
Форумот на заедниците предвидено е да има две сесии. На втората сесија пред граѓаните ќе се претстават неколку конкретни мерки, со цел да се одберат најсоодветните кои општината заедно со УНДП ќе може да ги спроведе во текот на 2025 година.
Тие мерки може да се фокусираат на зголемување на енергетската ефикасност на училиштата, замена на нееколошките системи за греење во јавните општински објекти, поставување на системи за производство на струја од обновливи извори, изградба на велосипетски патеки, креирање на парк-шуми и сл. Фондот кој е на располагање за спроведување на мерките изнесува околу 340,000 американски долари. Општината се очекува да кофинансира половина од средствата за оваа намена.
StrugaOnline

