Голема победа на РК Струга над РК Пролет 62 од Скопје

Во рамките на третото коло од Супер машката лига, денеска РК Струга на домашен терен ја совлада екипата на РК Пролет 62 од Скопјe со 34:29 (полувреме 15:12). Најефикасни во РК Струга беа црногорецот Богдан Мијушковиќ со 13 гола, Пајкоски 6 како и Костоски и Џигероски со по 5 погодоци.
StrugaOnline

