Милчо Мурџоски е нов претседател на Месна заедница-Луково
Во организација на Одделението за соработка со месни заедници при Општина Струга, а со масовен одзив на граѓаните на село Луково, избран е нов Совет и нов претседател на месната заедница во селото.

Претседател во наредните четири години ќе биде Г-дин Милчо Мурџоски, кој беше избран едногласно, а членови на месната заедница се избрани: Цвете Богданоски, Никола Видически, Марјан Колоски и Дарко Балоски. -информираат од Одделението за соработка со месни заедници при Општина Струга.
Strugaonline

