ЏК „Дрим“ Струга освои 4 медали на меѓународниот натпревар во Бијељина, Р. Српска, БиХ

- Локални, Спорт
228

Џудо клубот „Дрим“ Струга викендов, 21 септември 2024 година настапи на меѓународниот натпревар „Трофеј Пантера“ во Бијељина, Р. Српска, Босна и Херцеговина каде што настапија со 8 натпреварувачи и освоија 4 медали од кој 3 златни и 1 сребрен.

Најуспешни беа:

1. Анамарија Стојмиловска У18 златен медал;

2. Дариан Ночески У13 златен медал;

3. Мила Стојмиловска У13 златен медал;

4. Мила Стојанова У11 сребрен медал;

5. Божидар Јуловски, 5-то место;

6. Софиа Ноческа, 5-то место;

7. Давид Спироски, 5-то место;

8. Драгица Рафтоска, 5-то место.

– Сакаме да изразиме честитки до организаторот Џудо Клуб „Пантера“ Бијељина за организацијата и голема благодарност за гостопримството -истакнаа од Џудо клубот „Дрим“ Струга.

StrugaOnline

Facebook Коментари