СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“-Струга, денес на чаршискиот мост ќе упатат пораки за мирот напишано на македонски, албански и турски јазик

- Локални
473

По повод Светскиот ден на мирот, кој се одбележува на 21 септември, учениците од СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга денес, 23.09.2024 г. (понеделник) во 12:00 часот заедно со професорите организираа низа активности.

Од училишниот двор со пароли ќе се упатат до чаршискиот мост каде што ќе постават платно со нивни пораки за мирот напишано на македонски, албански и турски јазик.

Гимназијата успешно соработува со Меѓаши – првата детска амбасада и заеднички во соработка со Општина Струга го организираа овој настан со цел поттикнување на разбирање, почит, соработка, заедништво и што е најважно дружење меѓу учениците.

StrugaOnline

Facebook Коментари