Лев банер Десен банер

Времето денес променливо облачно и релативно топло

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

3 Берово, 8 Крива Паланка, Струмица, Куманово, Попова Шапка, 9 Маврови Анови, 10 Скопје-Петровец, Тетово, 11 Битола, Штип, Демир Капија, Крушево, 12 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Прилеп, Виница, Велес,  Кавадарци, Гевгелија, 13 Дебар.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта ведро со мала до умерена облачност, поголема во западните делови. Утрово во поголем дел од земјава преовладува променливо облачно време, а на крајниот исток е сончево и посвежо.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладневните часови, претежно во западните делови ќе има локална појава на повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне од 22 до 27 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

error: