Веслачкиот клуб Црн Дрим од Струга изминатиот викенд (21-22.09.2024) учествуваше на меѓународната веслачка регата во Пловдив, Бугарија и успеа да освои две сребрени медаљи во силна конкурeнција.
-Ана Прентоска го освои второто место во дисциплината 1×KJW, заостанувајќи само 29 стотинки зад првопласираната Велева од Пловдив.
– Мина Краљ и Јана Танаскоска на своето деби на меѓународните натпреварувања го освоија одличното второ место во дисциплината 2×GU
– Вања Кукунеш/Цвете Димоски, 4 место во дисциплината 2×JMB
– Климентима Стојмиловска, 6 место во дисциплината 1×JW
– Леон Шутиноски/Александар Хиохи, 9 место во дисциплината 2×KJM
– Кристијан Китаноски, 11 место во дисциплината 1×JM
Струшките веслачи во Пловдив беа предводени од тренерот Владимир Голабоски и претседателот на клубот Здравко Голабоски.
Покрај нашиот претставник ВК Црн Дрим , на оваа меѓународна екипа настапија и екипите на ВК Пловдив, ВК Тракија, ВК Черпоков, ВК Черно Море, ВК Хеброс, ВК ЦСКА и ВК Палич.
StrugaOnline
Facebook Коментари