Времето денес променливо облачно и релативно топло

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
6 Берово, 8 Попова Шапка, 9 Струмица, Лазарополе, 10 Битола, Прилеп, 11 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Маврови Анови, Тетово, Крушево, Претор, 12 Штип, Демир Капија, Кавадарци, Охрид, Велес, Гевгелија, 13 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 14 Виница, Дебар.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта преовладуваше малку до умерено облачно време. Изутринава во поголем дел од земјава е сончево со мала до умерена облачност, а зголемено наоблачување има во северозападните и северните делови.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладневните часови претежно во северните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
Максималната температура ќе достигне од 23 до 29 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

