УХМР најавува од недела промена на времето, дожд, ветер и пад на температурите

Утре ќе се задржи сончево и топло време.
Во недела под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Ќе има повремени врнежи од дожд со локална појава на грмежи и силен ветер.
Во понеделник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали (за 8 до 10 степени).
Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

