Активностите на Охридската болница за кардиоваскуларни заболувања по повод светскиот ден на срцето продолжуваат и на 09 октомври

ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид по повод Светскиот ден на срцето 29 септември, организира низа активности.
Целта на овие активности е подигање на свеста на граѓаните на општина Охрид за значењето на превенцијата и навременото откривање на покачениот крвен притисок и дислипидемијата како два најчести ризик фактори за појава на кардиоваскуларни заболувања кај луѓето.
Активностите по повод светскиот ден на срцето продолжуваат понатаму, па така на 09.10.2024г. во просториите на Општина Охрид, во организација на Здружението на дијабетичари-Охрид, д-р Јасмина Јованоски супспецијалист кардиолог од ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид, ќе одржи предавање на тема „Запознавање со кардиоваскуларните заболувања и нивна превенција кај пациенти со дијабетес”.
StrugaOnline

