Лев банер Десен банер

Времето денес променливо облачно со сончеви периоди

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

2 Берово, 5 Струмица, 6 Скопје-Петровец, Лазарополе, Крива Паланка, 7 Битола, Тетово, 8 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Прилеп, Велес, Попова Шапка, Штип, 9 Охрид, Претор, Маврови Анови Кавадарци, 10 Дебар, Крушево, Виница, 12 Демир Капија.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта беше ведро, а утрово е сончево со мала до умерена локална облачност, поголема во западните делови. Дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови претежно во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 22 до 27 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

error: