Струшките пензионери се закитија со злато на 28-те републички пензионерски спортски натпревари одржани во Скопје
На одржаните 28-ми Републички пензионерски спортски натпревари одржани на 10 септември 2024 година во хотелот Њу Стар, во Скопје, струшките пензионери – спортисти се натпреваруваа во две дисциплини и тоа: мажи-Кошарка-слободно фрлање на кош, екипата во состав Јован Јованоски-капитен, Стефан Голабоски и Ферид Абдуљ, го освоија Првото место во силната конкуренција и се закитија со златни медали, исто така женската екипа Фудбал- пенали на мали голчиња во состав: Марија Ѓура, Виолета Опетческа и Елена Младиноска, го освоија Првото место и се вратија со златни медали.

28-те републички пензионерски натпревари се одржаа под покровителство на министерството за социјална политика, демографија и млади. На присутните со пригодни говори им се обратија претседателката на СЗПМ Станка Трајкова, а од името на Министерството за социјална политика, демографија и млади се обрати и натпреварите ги прогласи за отворени, државниот секретар во Министерстото г-динот Фатмир Сабриу и претседателот на Комисијата за спорт Здравко Петковски.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
StrugaOnline

