На 17.10 2024 година во 23.36 часот, на улицата „Стив Наумов” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.Д. и А.Д. врз Ч.Р.(33), сите од Охрид.
Против напаѓачите, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.10.2024 година во 10.40 часот, на пресекот на булеварите „Туристичка” и „АСНОМ” во Охрид, приведен е З.Т.(61) од Охрид. При преглед во патнички автомобил „Опел” со охридски регистарски ознаки што, тој го управувал, полициските службеници пронајдоа и одзедоа опојна дрога Марихуана.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари