Лев банер Десен банер

Времето денес сончево со слаб ветер претежно од северен правец

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-3 Берово, 0 Битола, 1 Тетово, Струмица, 2 Скопје-Петровец, Маврови Анови, Лазарополе, 3 Крива Паланка, Прилеп, Демир Капија, Дебар, 4 Претор, Штип, Гевгелија, Велес, Куманово, 5 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Кавадарци, 6 Крушево, 7 Попова Шапка, Виница.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта ведро, утрово е сончево. Дува слаб променлив ветер. По одделни котлини и речни долини има појава на магла, во Тетово со намалена хоризонтална видливост до 50 метри.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Претпладне по одделни котлини и речни долини со појава на магла. Преку денот сончево со слаб ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 19 до 24 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

error: