Најавено воспоставување соработка меѓу струшка Нефрологија и Уролошкото одделение во Клиниката Карл во Германија

- Локални
350
Целта на посетата на делегација од германската болница предводена од директорот Александар Шуте била воспоставување долгорочна соработка меѓу Специјализираната болница за нефрологија и хемодијализа Струга и Уролошкото одделение во Клиниката Карл вон Баседов од Мерсебург, Германија.
Соработката ќе вклучува размена на искуства во лекувањето на нефролошките и уролошките заболувања и донација на медицински апарати, хируршки инструменти за уролошкото одделение; единицата за интензивна нега и апарати за хемодијализен третман на најтешките случаи со акутна бубрежна инсуфициенција. Г-дин Шуте исто така вети дека постои можност лекари од нашата болница да престојуваат на обука и едукација во Германија. Од друга страна, директорот др. Јетмир Зиба, меѓу другото, посебен акцент стави на следниот проект што се реализира во Нефролошката болница, а тоа е целосно реновирање на објектот за хемодијализа лоциран покрај езерото, кој ќе понуди идеални услови за привлекување на странски пациенти.
Намерата е Нефролошката болница да се стави на европската мапа за здравствен туризам преку таканаречената „Холидеј дијализа“, што значи дека пациенти од Германија и другите земји во текот на летната сезона да се лекуваат и истовремено да одмараат во Струга – посочуваат од болницата.
Потенцираат дека посетата била продуктивна во екот на бројните проекти кои во моментов се реализираат во болницата и кои имаат за цел да ги подобрат условите за лекување на пациентите.
StrugaOnline

Facebook Коментари