МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
0 Берово, 3 Битола, 4 Маврови Анови, 5 Струмица, 6 Скопје-Петровец, Прилеп, Штип, Попова Шапка, 7 Охрид, Крива Паланка, Тетово, Демир Капија, Крушево, 8 Виница, Пожаране, 9 Скопје-Зајчев Рид, 10 Велес, Кавадарци, 11 Гевгелија.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Се задржа променливо облачно, понелкаде со претежно слаб променлив ветер. Утринава повеќе облачност има во источниот дел од земјата, но и во котлините на западот.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за слаб повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 18 до 24 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари