Времето денес сончево со мала до умерена локална облачност

- Локални, Македонија
116

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-3 Берово, 0 Лазарополе, 2 Струмица, Попова Шапка, Маврови Анови, 3  Битола, Тетово, Демир Капија, 4 Штип, Крива Паланка, Прилеп, 5 Крушево, 6 Охрид, Виница, Пожаране, 7 Кавадарци,  Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 8  Велес, Тополчани.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Се задржа претежно ведро, понекаде со слаб променлив ветер. Утринава во дел од котлините има појава на слаба магла и ниска облачност.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Наутро во дел од котлините ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне од 17 до 23 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари