Времето денес претежно облачно

- Локални, Македонија
157

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

0 Маврови Анови, Попова Шапка, 1 Крушево, Лазарополе, 3 Берово, Крива Паланка, 4 Виница, Прилеп, Битола, 5 Штип, Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Претор, 6 Струмица, Велес, Демир Капија, Кавадарци, Скопје-Петровец, Охрид, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Утринава облачноста од запад започнува да се намалува, а во останатите делови е облачно. Понекаде и особено на југоистокот има појава на слаб повремен дожд и дува слаб променлив ветер.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Претежно облачно, по котлините претпладне ќе биде магливо, а претежно во југоисточните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 11 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари