Времето денес претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд

- Локални, Македонија
190

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-2 Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Лазарополе, 0 Крушево, 1 Крива Паланка,  2 Тетово, Прилеп, Штип, Куманово, 3 Скопје-Зајчев Рид, Берово, Велес, Кавадарци, 4 Скопје-Петровец, Битола, Демир Капија, Виница, Струмица, Дебар, 5 Охрид, Гевгелија, 6 Претор.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)

11 Демир Капија, 10 Гевгелија, 9 Тополчани, 8 Виница, Пожар-Радовиш, 7 Крива Паланка, Штип, 6 Маврови Анови, Лазарополе, Прилеп, Дебар, 5 Битола, Струмица, 4 Охрид, Крушево, 3 Претор, Берово, Велес, Кавадарци, 2 Попова Шапка, 1 Скопје-Петровец, Тетово.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Облачно со повремен локален дожд, а на повисоките планини на северозапад со повремен слаб снег. Дува слаб до умерен северен ветер. По одделни котлини има појава на магла со намалена видливост до 200 метри.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Во поголем дел од денот времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 11 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари