ЈЗУ „Нефрологија“ Струга со низа активности, реновирања и новости изминатиов период.

Завршена е инсталацијата на новиот агрегат со капацитет од 400 kw, од голема корист за континуирана работа на болницата.

Завршена е санацијата и фарбањето на зидовите на ходникот во нефролошко одделение, а ќе продолжат со истиот интензитет на работа и по болничките соби и други помошни простории каде што е потребно.

Следејќи ги најновите трендови на иновативна употребата на современи дигитални алатки во здравствената заштита, во ЈЗУ „Нефрологија“ Струга е поставена паметна безжична платформа преку која медицинскиот персонал во секое време и од секое место ќе може инстантно да одговори на повиците од страна на пациентите кои се лекуваат во болницата.
Во следната фаза на иновативен развој, преку истата платформа се планираат да се воведи можност медицинскиот персонал од централно место да ги следи базичните медицински параметри на повеќе пациенти во исто време (пулс, притисок, кислород во крвта, температура итн) и инстантно да реагира во случај на пореметување на овие параметри.
Две почитувани докторки од ЈЗУ „Нефрологија“ Струга, Др. Ванѓелка К Шавреска и Др. Наташа Т Матоска учествуваа на Балканскиот Нефролошки Конгрес BANTAO 2024 кој се одржа во Београд, од каде ги пренесоа најновите достигнувања во областа на Нефрологијата и хемодијализата.
StrugaOnline
Facebook Коментари