Златни медали на Dance off за јуниорите на студио за танц Бах

- Локални
367

Изминатиов викенд, на 23ти и 24ти ноември, во спортската сала Борис Трајковски во Скопје, се оддржа интернационалниот натпревар за танц Dance Off, на кој учество зеде и нашето струшко Студио за танц БАХ.

Овој пат на натпревар заминаа само со јуниорската екипа, со кореографијата MY POWER, MTV street style formation и освоија прво место.

“Се вративме дома со среќни девојчиња, со уште еден голем пехар, со златни медали и искуство плус” ни изјави тренерот и кореограф на Студиото за танц БАХ, Тања Бах.

Со златен медал се закити јуниорската екипа во состав: Анастасија Кочовска, Геса Мерко, Дијана Ристеска, Михаила Кукоска, Милица Трифуновска, Теона Настоска, Јана Коркут, Неда Сагдиновска, Михаела Никева Ѓуроска, Емилија Кочоска, Андреа Костовска.

StrugaOnline

Facebook Коментари