На 25.11.2024 во 01.40 часот на брегот на Охридското езеро кај охридското село Пештани, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро” ги лишија од слобода М.П.(43) и А.Б.(42), двајцата од охридското село Трпејца. Тие се сомничат дека сториле кривично дело „незаконит риболов”, а при преглед во нивниот чамец пронајдени и одземени се три рибарски мрежи во должина од по 50 метри. По консултации со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. Инаку, М.П.е познат на службата по извршување кривично дело „незаконит риболов” и ова е второ лишување од слобода овој месец. При контроли извршени на 06.11.2024, тој беше затекнат со 101 парче уловена риба Белвица, три рибарски мрежи во должина од по 60 метри и друг риболовен алат.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.М.(57) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење” и „симнување или оштетување на службен печат или знак”. Тој, во текот на 2024 година на катастарска парцела во охридското село Велестово, бесправно и спротивно на Законот за градба, неовластено изградил темели за станбен објект што било констатирано од овластен градежен инспектор при увид и контрола извршена на 01.10.2024 година. Притоа, било донесено решение за отстранување на градбата и била поставена службена табла и лента за затворање на градилиштето. При повторна контрола, овластениот градежен инспектор констатирал дека пријавениот бесправно ја отстранил лентата и таблата и бесправната градба била продолжена.
Извор: СВР Охрид. фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари